Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паднаа системите на Виза и на Мастеркард – проблемот е надминат велат од банкарска асоцијација

/

пред 1175 дена

Сподели преку :

Надминат проблем со картичките на Виза и Мастеркард, потврдуваат од Македонската банкарска асоцијација. Граѓаните кои попладнево ги затекнавме,  без проблеми можеа да извадат готовина од банкомат.

Претходно, пак, на социјалкните мрежи се жалеа дека не можат со платежните картички ниту да вадат пари, а ниту да плаќаат во продавница. Единствено готовина можеа да добијат само на шалтер во банка.  Граѓани пак кои се заминати на летовање и во околните држави за Телма изјавија дека  и таму имале проблем со имале платежните картички.

Од НБРМ  преку соопштение информираа дека привремената недостапност била поврзана со самите системи на Виза и Мастеркард.

  • Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.

Од Централната банка потенцираа дека паричните средства на граѓаните во банките се безбедни.

Претхонод и од македонската банкараска асоцијација преку соопштение известија дека според аналзиите причината за ваквиот проблем не била поврзана со нациоланите оператори и со поединечните системи во самите банки.

А дел од банките за проблемот  ги известија своите клиенти, и ги повикаа граѓаните кои имаат итна  потреба од готовина, да ја обезбедат преку шалтерите во најблиските експозитури.

Ирена Чачкова