Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Левски ги казни промашувањата на Шкупи

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА совладани се од Левски 2:0.

Чаирчани во почетната фаза од натпреварот не успеаа да реализираат неколку шанси за погодок од кои најизгледна беше онаа на Дуду кога не ја погоди празната мрежа на противникот, а потоа и по ударот на Цефас, Кристијан Димитров ја изби топката пред самата гол линија.

Гостите од Бугарија на два пати успеаа да го совладаат голманот на Шкупи и тоа преку Велтон Фелипе во 31-та и Роналдо во четвртата минута од судиското надополнување во вториот дел.

ФОТО: Игор Паневски