Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арслан: Не заслуживме пораз одиме да победиме во Софија

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

По поразот од 2:0 на домашен терен во дуелот против Левски, фудбалерите на Шкупи се пред елиминација во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Шкупи не успеа да реализира неколку одлични шанси за погодок, а на спротивната страна гостите од Бугарија ги казнија сите промашувања на нашиот претставник.

Сепак пред реваншот во Софија, тренерот на Чаирчани, Чихат Арслан се уште верува дека неговиот тим може да оди понатаму.

“Ние имавме три шанси во првиот дел, а тие од само една акција и едно несреќно додавање дојдоа до гол. Резултатот воопшто не е реален, затоа што не заслуживме пораз. Задоволен сум од односот на моите играчи, немам што да замерам но ете имаше пад на концентрација во одредени моменти што ни пресуди. И во Софија одиме да одиграме повторно добро и да ги поправиме грешките. Ќе се бориме до крај”, изјави предводникот на Шкупи.

ФОТО: Игор Паневски