Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија бара гаранции за нејзините услови, сепак остава можност за решение

/

пред 2157 дена

Сподели преку :

Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови, соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.

– За Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Северна Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што  инсистираме, велат од бугарското МНР.

Сепак, Софија смета дека и покрај кратките рокови решение може да се постигне.

–Бугарија им се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и на комесарот за проширување Оливер Вархеји за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение кое сè уште е можно да се постигне и покрај кратките рокови, посочуваат од МНР на Бугарија.