Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз и Швојнтек водечки на АТП и ВТА листите

/

пред 1161 дена

Сподели преку :

Оваа недела нема поголеми измени на светските ранг листи меѓу тенисерите во машка и женска конкуренција.

Карлос Алкараз и натаму е лидер на АТП листата со скоро 500 бода предност во однос на Новак Ѓоковиќ. Данил Медведев и Каспер Руд остануваат на третата и четвртата позиција, а петти е Стефанос Циципас.

Холгер Руне и оваа недела е шести тенисер на светот, а најдобрата десеторка ја комплетираат Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Франсис Тијафо.

Кај дамите Швојнтек води пред Ирина Сабаленка, Елена Рибакина и Џесика Пегула. Онс Жабер има скок од едно место и сега петта, а на шестата позиција падна Каролин Гарсија.

Најдобрата десеторка на ВТА листата ја заокружуваат Коко Гоф, Петра Квитова, Марија Сакари и Маркета Вондрушова.

ФОТО: Игор Паневски