Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи ги прекина преговорите со Брајтон

/

пред 1163 дена

Сподели преку :

Репрезентативецот на Еквадор, Моисес Каиседо најверојатно и во текот на следната сезона ќе го носи дресот на Брајтон.

По долги и напорни преговори и четири понуди за комплетирање на трансферот Челзи денеска и официјално се повлече од трката за ангажирање на Каиседо.

Клубот од Стемфорд бриџ во последната рунда понуди сума од 90 милиони евра која беше одбиена и Брајтон не отстапува од намерата талентираниот Еквадорец да го продаде за 100 милиони.

Медиумите во Велика Британија сметаат дека во следниве недели нема да се случи чудо и Каиседо да се пресели во Челзи, но сепак се остава простор двата клуба повторно да седнат на преговарачка маса и на крајот да постигнат договор за реализација на трансферот.

Каиседо неколку пати најави дека има голема желба кариерата да ја продолжи во клуб како што е Челзи, но очлгледно дека на реализација ќе почека уште некое време.

ФОТО: Игор Паневски