Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ не го дава Верати во замена за Дембеле

/

пред 1163 дена

Сподели преку :

Усман Дембеле од раководството на Барселона побарал да се забрзаат преговорите со Пари Сен Жермен околу неговото заминување во редовите на првакот на Франција.

Двата клуба денеска се во интензивни контакти и во текот на разговорите Каталонците понудиле размена на играчи и за трансферот на Дембеле наместо да се платат 50 милиони евра на Камп Ноу да се пресели репрезентативецот на Италија, Марко Верати.

Французите веднаш ја одбиле понудата со намера да го платат бараното обештетување, но трансферот мора да се реализира до вечерва на полноќ со оглед на фактот дека потоа се активира клаузулата во договорот на Дембеле со која сумата двојно се зголемува.

Дембеле со Барселона има договор до крајот на претстојната сезона, но Пари Сен Жермен инсистира на реализација на трансферот бидејќи тој е предвиден како алтернатива при евентуалното заминување на Килијан Мбапе.

ФОТО: Игор Паневски