Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА потврди, Шкупи без свои навивачи во Софија

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска федерација потврди дека не дозволува навивачите на Шкупи в четврток да патуваат за Софија и да им дадат поддршка на своите играчи во реванш дуелот од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Раководството на Шкупи веќе објави соопштение во кое ги повика навивачите да не патуваат во бугарската престолнина и потенцираше дека нема да организира патување за реванш дуелот со Левски.

УЕФА во дописот до Борислав Михајлов истакнува дека и вториот натпревар е прогласен од висок ризик, а одлуката за забрана на патување на гостинските навивачи е донесена по разговорите со претставниците на двата клуба, но и националните асоцијации.

“Се надеваме дека натпреварот во Софија ќе мине без инциденти и сакаме да им се заблагодариме на двата клуба и националните асоцијации за помошта”, се вели во писмото кое до првиот човек на Бугарската фудбалска федерација го испрати заменик генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.

Според последните информации од Софија трибините на стадионот Георги Аспарухов ќе бидат исполнети до последното место и дека се очекува сите влезници да бидат распродадени.

ФОТО: Игор Паневски