Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ има пет дена да плати 50 милиони евра

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на француските медиуми Пари Сен Жермен испратил допис до Барселона во кој се обврзува дека во следниве пет дена ќе ја плати сумата од 50 милиони евра за предвремен раскин на договорот со Усман Дембеле.

Во договорот меѓу Барселона и францускиот репрезентативец има клаузула според која тој до 31 јули оваа година може да си замине од клубот за 50 милиони, а веќе од следниот ден обештетувањето двојно се зголемува.

Дембеле ги прифатил условите за трансфер на Паркот на принцовите, а во медиумите во Франција се шпекулира дека постои можност Пари Сен Жермен поради доцнењето со исплатата да прифати да ја зголеми сумата, но таа ќе биде помала од 100 милиони.

Неофицијално дополнителните пари ќе бидат исплатени на име на бонуси во зависност од личните и тимските постигнувања во претстојната сезона.

ФОТО: Игор Паневски