Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американките среќно до осминафинале, убедливи победи на Холандија и Англија

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во фудбал во женска конкуренција познати се уште четири селекции кои се пласираа во осминафиналето.

Репрезентацијата на САД во директен дуел за втората позиција играше без голови против Португалија и успеа да влезе во елиминациската рунда. Актуелните светски шампионки се спасија од пораз откако во првата минута од судиското надополнување Ана Капета излезе сама пред противничкиот гол, а нејзиниот удар заврши во дирекот.

Првото место во групата го освои Холандија која во последното коло го декласираше Виетнам совладувајќи го со 7:0.

Во Д конкуренцијата победи на Англија и Данска кои ги потврдија првите две позиции на табелата. Англичанките без поголеми проблеми триумфираа со 6:1 во соочувањето со Кина додека Данска забележа победа од 2:0 во мечот против Хаити.

Во осминафиналето Данска за противник ја има Австралија, Англија се среќава со Нигерија додека Холандија и САД го чекаат епилогот од групите Ф, Г и Х.

ФОТО: Игор Паневски