Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПРЕСУДА – недела, 06 август 2023 – 19:45

/

пред 1158 дена

Сподели преку :

„ПРЕСУДА “ е инспиративна вистинска приказна за непоколебливата посветеност на една сестра кон нејзиниот брат. Кога постариот брат на Бети Ен Вотерс (двократна добитничка на Оскар Хилари Свонк), Кени (Сем Роквел) е уапсен за убиство и осуден на доживотен затвор во 1983 година, Бети Ен, сопруга од Масачусетс и мајка на две деца, го посветува својот живот на одбраната на братот и менување на пресудата за убиство.

Убедена дека нејзиниот брат е невин, Бети Ен се оди во средно училиште, колеџ и, конечно, правен факултет за да моеже по 18-годишна борба да го ослободи Кени. Со помош на најдобрата пријателка Абра Рајс, Бети Ен разоткрива сомнителните докази што ги има користено полицајката Ненси Тејлор, прецизно повторувајќи ги чекорите што доведоа до апсење на Кени. Верувањето во нејзиниот брат – и нејзината потрага по вистината – ја турка Бети Ен и нејзиниот тим да ги откријат фактите и да искористат докази за ДНК со надеж дека ќе го ослободат Кени.