Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов триумф на Ѓорческа во игра на двојки

/

пред 1155 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои вториот трофеј на ИТФ турнирите во 2023 година, а вкупно 47 во кариерата.

Ѓорческа на турнирот во германскиот град Хехинген заедно со Алена Фомина Клос славеше во два сета со 6:2 и 6:4 во соочувањето со грузиско-германската комбинација Екатерина Горгодзе – Катарина Хобгарски.

Нашата тенисерка од следната недела ќе биде дел од турнирот во Осиек што се игра за награден фонд од 25.000 долари каде според моменталниот пласман на АТП листата и пријавените учеснички може да биде поставена за прва носителка.

ФОТО: Игор Паневски