Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полјаците убедливи и вториот дуел против Македонија

/

пред 1155 дена

Сподели преку :

Македонската машка кошаркарска репрезентација доживеа пораз и во вториот контролен натпревар против селекцијата на Полска што се одигра во рамките на подготовките за настап на претквалификациите за Олимписките игри.

Овој пат во Белград, Полска триумфираше со 84;52, а клучен момент за убедливиот пораз беше извонредната втора четвртина на противникот кога беше направена и клучната предност.

Селекторот Александар Јончевски на вториот натпревар реши да ја намали минутажата на клучните играчи во тимот Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ и да има даде шанса на останатите кошаркари.

По овој дуел кошаркарите се враќаат во Скопје каде продолжуваат со тренинзи се до 10 август кога ќе заминат за Талин.

ФОТО: Игор Паневски