Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слупчанци „легнаа на брашното“ – долгот кон ЕВН на рати и дале беса дека во иднина ќе плаќаат редовно

/

пред 1153 дена

Сподели преку :

Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите. Ова е договорот меѓу ЕВН и жителите на липковското село Слупчане, каде екипите на ЕВН веќе почнаа со работа за замена на дел од броилата.

Претходно, жителите на Слупчане неколкупати останаа без струја, а во мрак беа и други околни населени места. Мештаните не дозволуваа работниците да работат на мрежата и во еден момент и самите се справуваа со дефекти.

Од ЕВН ги обвинија дека мнозинството од нив не плаќаат струја, а жителите возвратија со листа на барања меѓу кои – отпис на долговите, верските објекти да не плаќаат струја и 50 евра да биде највисок износ што ќе се фактурира по семејство.