Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, две лица загинаа, тројца се тешко повредени

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на патниот правец Прилеп – Градско две лица загинаа, а три се тешко повредени. Кај двете лица смртта била констатирана на самото место.

На терен интеревнирала и Територијалата противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Првичните информации за настраданите и повредените во несреќата за МИА ги соопшти доктор Ратко Грков, раководител на Итната помош во Кавадарци.

„Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена кои беа подготвени да помогнат во секој момент“, изјави Грков.

Според првичните информации, до несреќата дошло при верижен судир на четири возила.

Како што соопштил претходно портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев, поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин.