Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тотнем попушти: Кејн во Баерн Минхен во трансфер вреден над 100 милиони евра

/

пред 1153 дена

Сподели преку :

Тотнем конечно ја прифати четвртата понуда на Баерн Минхен за трансфер на Хери Кејн. Премиерлигашот се согласил да го продаде својот најдобар фудбалер за обештетување од над 100 милиони евра, па сега германскиот шампион преговара со самиот фудбалер околу личните услови.

Актуелниот договор на Кејн со Спарс истекува идното лето, што значи дека лондонскиот клуб ќе инкасира огромно богатство за играч кој има уште една година од договорот.

Кејн e дел од Тотнем уште од своите јуниорски денови, односно од 2004 година, а како сениор играше на неколку позајмици во Лејтон Ориент, Милвол, Норич и Лестер. Тој е најдобриот голгетер во историјата на Тотнем и англиската репрезентација.