Челси ќе ја плати откупната клаузула за Тајлер Адамс од Лидс јунајтед во висина од 20 милиони фунти.
Се очекува Американецот, кој игра во средниот ред наскоро да ги мине медицинските прегледи и да потпише договор со „сините“, кои продолжуваат со целосна реконструкција на тимот под водство на новиот менаџер Маурисио Покетино.
Челси синоќа испрати понуда и за Ромео Лавија од Саутемптон, кој е трансфер-цел и на Ливерпул.











