Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Контактите на штипјанката која почина од хеморагична треска од денеска не се под надзор

/

пред 1166 дена

Сподели преку :

Истече периодот под медицински надзор на 28те контакти на штипјанката која почина од „Конго-кримска хеморагична треска“. Под здравствен надзор остануваат уште 11 лица.

Болничарката која беше заразена и ја прими првата доза на лекот „Рибавирин“ е во стабилна состојба вели д-р Стевановиќ.

Лекот Рибавирин може да биде ефикасен само ако се даде во рани фази на болеста вели за Телма епидемиологот Драган Данилоски и додава дека како секој лек така и овој може да има нус појави, а Конго-хеморагична треска има нус ефекти како гадење, замор, главоболка но и појава на анемија.

Ризично население кое е подложно на конго- хеморагична треска се сточари, ветеринари, граѓани што често престојуваат во природа и здравствени работници во инфектолошки одделенија, но не постои ризик од ширење на ова заболување вели Даниловски.

Од центарот за јавно здравје велат дека засега нема нови потврдени случаи и будно ја следат ситуацијата.

Симона Петровска