Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аризабалага ќе биде замената за Куртоа на голот на Реал Мадрид

/

пред 1151 дена

Сподели преку :

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага оваа сезона ќе застане на голот на Реал Мадрид и ќе го замени повредениот Тибо Куртоа.

Шпанецот ќе пристигне во Мадрид како позајмен од редовите на „сините“, кои летово ангажираа уште еден гвалитетен голман, а тоа е Роберт Санчез од Брајтон. Аризабалага пред да потпише за Челси ги бранеше боите на Атлетик Билбао, а летово беше во преговори и за трансфер во Баерн Минхен.

Реал мораше брзо да реагира и да доведе нов голман, бидејќи Куртоа во четвртокот ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и веројатно ќе биде отсутен цела сезона.