Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставка и зголемување на пензиите – барања на пензионерите на денешниот протест во Скопје

/

пред 1163 дена

Сподели преку :

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се одржа денешниот протест на пензионерите во Скопје. На протестот имаше пензионери од сите краишта на земјава.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

Според најавите, пензионерите ќе протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.