Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деведесет и тројца загинати, над 2.700 уништени објекти, речиси 5,6 милијарди долари штета – биланс од пожарите на Хаваи

/

пред 1175 дена

Сподели преку :

Деведесет и тројца загинати луѓе, над 2.700 уништени објекти и штета од, речиси, 5,6 милијарди долари. Ова се проценките од најсмртоносните пожари на Хаваи во последните 100 години, иако спасувачките екипи и натаму трагаат по жртви на огнената стихија. Дел од островот Мауји е како „воена зона“. Осумдесет отсто од пожарот во Лахаина е изгаснат, но противпожарните екипи сè уште се борат со пламените јазици на 20 отсто од територијата.

Гувернерот на Хаваи, Џош Грин очекува бројките на загинати лица од пожарите да растат. Обезбедени се 500-тини хотелски соби за лицата кои останаа без домови. Уште толку ќе бидат резервирани за вработените во Федералната агенција за вонредни состојби кои се ангажирани на терен. Според Грин, дел од хотелските капацитети ќе продолжат со вообичаената работа со цел да помогнат во зачувување на работните места и за одржување на локалната економија.