Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Будимпешта домаќин на светската атлетска елита

/

пред 1143 дена

Сподели преку :

Од денеска па до 27 август Будимпешта ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика.

Унгарската престолнина за прв пат ќе биде организатор на атлетскиот Мундијал откако се откажа од шампионатот во 2007-та кој потоа беше преместен во Осака.

Во Будимпешта во следниве девет дена 2100 атлетичари од 202 земји ќе се борат за медали во 44 дисциплини.

Од минатогодишниот шампионат во Јуџин, само шестмина освојувачи на златото нема да го бранат тронот, а меѓу оние што ќе се појават на борилиштата се светските рекордери Рајан Краузер, Арман Дуплантис, Фејт Кипјегон како и Јулимар Рохас која во дисциплината трискок ќе се обиде да стигне до четвртиот последователен триумф.

Македонија на шампионатот ќе ја престатвува Адријана Попарсова, која ќе биде дел од маратонската трка што ќе се одржи следната сабота.

ФОТО: Игор Паневски