Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанија регистрира над 6.000 смртни случаи од високите температури ова лето

/

пред 1168 дена

Сподели преку :

Над 6.000 луѓе починаа во Шпанија летово како последица на високите температури. Најголем дел од нив се стари, изнемоштени и болни лица, како и оние кои немаат средства за заштита од екстремните горештини. Според податоци на здравствениот институт „Карлос Трети“ и Државната метеоролошка агенција, минатото лето во земјата биле регистрирани најмалку 12.000 смртни случаи поради тешко подносливите временски прилики.

„Високите температури особено се закана за повозрасните од 80 години и на посиромашните слоеви од населението кои немаат средства за набавка на климатизери“, пишува „Ел Паис“. Според податоци на порталот за недвижности „Idealista“ за оваа година, 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред, што е два отсто повеќе од претходната година.

Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението нема клима: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севилја 71 отсто и во Мадрид 60 отсто.