Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Тамбери ги обедини титулите, трето злато за Кипјегон

/

пред 1139 дена

Сподели преку :

Италијанецот, Џанмарко Тамбери триумфираше во скок во височина и од вечерва тој е апсолутен шампион во оваа дисциплина откако на олимпиското и европското злато го додаде и светското, а воедно тој во својата колекција ги има сите трофеи на отворено и во сала.

Второто место му припадна на ЏаВон Херисон од САД додека трет е Мутаз Еса Баршим од Катар.

Во трката на 1500 метри првото место го освои Фејт Кипјегон и за неа ова е трет последователен златен медал на Светските шампионати. Зад неа целта ја минаа Дирибе Велтеји од Етиопија и Холанѓанката, Сифан Хасан.

Софијан Ел Бакали го одбрани тронот освоен пред една година во Јуџин во дисциплината 3000 метри со пречки. Тој славеше пред Ламеча Грима од Етиопија и Кениецот, Абрахаму Кибивоту.

И во дисциплината фрлање диск кај дамите сензационална победничка е Американката, Лаулауга Таусага која беше поуспешна од сонародничката Валери Олман и Фенг Бин од Кина.

ФОТО: Игор Паневски