Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина пијанистката и универзитетски професор Јасминка Чакар

/

пред 2152 дена

Сподели преку :

По кратко боледување , на 81 година почина Јасминка Чакар, истакната пијанистка и професорка на Факултетот за музика уметност во Скопје.

Родена е во Битола , каде започнала нејзината музичка едукација, а дипломирала на Музичката академија во Загреб,  1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година, едуцирајќи повеќе од 40 млади пијанисти.

Јасминка Чакар концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Беше особено активна и ценета како пијано- соработник, со реализирани над триста концертни настапи со домашни уметници, како и со солисти од странство. За својата посветена работа таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“.

Ќе остане запаметена по нејзиниот влог во развојот на македонскиот пијанизам и домашната музичка култура, воопшто.