Арената Борис Трајковски е подготвена за почетокот на Европското првенство во одбојка.
Нашата најголема арена повторно ќе биде домаќин на едно големо натпреварување, а овој пат во неа ќе настапат најдобрите одбојкари од Стариот континент.
Вечерва од 20 часот репрезентацијата на Македонија го игра првиот дуел, а противник ни е селекцијата на Данска која ни е директен конкурент за пласман во следната рунда.
ФОТО: Игор Паневски
















