Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Полјаците без проблеми против Холандија за нова победа на ЕП

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Во дербито на Ц групата од Европското првенство во одбојка што се одржува во Скопје, репрезентацијата на Полска беше поуспешна во директниот конкурент за освојување на првото место.

Полјаците триумфираа над Холандија со 3:1 и го задржаа перфектниот учинок во оваа фаза од континенталниот шампионат.

Холанѓаните во своја полза го решија првиот сет и тоа со 25:25, а потоа доминација на полските одбојкари кои во следните три сета славеа со 25:13, 25:19 и 25:22.

Во првиот дуел од денешната програма Чешка ја совлада Данска со 3:1.

ФОТО: Игор Паневски