Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужен Судан и Јапонија се пласираа на ОИ

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Со победата од 101:78 во дуелот против Ангола, кошаркарите на Јужен Судан стигнаа до историски успех и дебитантски пласман на олимпискиот турнир во Париз.

Дебитантот на мундијалите првото учество на едно големо натпреварување го заврши со три победи и два порази и само малку недостасуваше да се пласира во главната рунда од Светскиот куп.

Јужен Судан на овој шампионат има најдобро постигнување од сите земји учеснички од африканскиот континент и тоа му го донесе дебитантскиот настап на Олимписките игри.

Покрај Јужен Судан учество во Париз обезбеди и репрезентацијата на Јапонија, која денеска триумфираше над Зеленортските острови со 80:71.

Утре на Светското првенство се играат решавачките натпревари за пласман во четвртфиналето, а во пресрет на последното коло место меѓу осумте најдобри обезбедија САД, Литванија, Германија и Словенија.

ФОТО: Игор Паневски