Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со помош од трибините до историски резултат за одбојкарите

/

пред 1127 дена

Сподели преку :

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот во арената Борис Трајковски ќе го игра решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на Европското првенство.

Денеска нашите одбојкари имаат можност да направат историски подвиг и за прв пат во историјата да се најдат меѓу шеснаесетте најдобри селекции во Европа.

Затоа на составот предводен од селекторот Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев им е потребна голема поддршка од трибините, а на крајот сите заедно да ја славиме големата победа која би била круна на оваа извонредна генерација.

На првиот дуел во средата со Данска, трибините беа половично исполнети затоа денеска потребна е полна арена и со помош на навивачите да се стигне до посакуваниот триумф.

ФОТО: Игор Паневски