Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прва победа на Вардар, дербито во Тетово без голови

/

пред 1130 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Вардар во шестото коло од домашниот шампионат конечно ја запишаа првата победа. Црвено-црните во градското дерби против Македонија ЃП славеа со 2:1.

Вардар поведе со погодокот на Дарко Мицевски од пенал во 25-тата минута, а потоа во 33. Азер Омерагиќ донесе предност од 2:0.

Во третата минута од судиското надополнување гостите од Ѓорче Петров преку Никола Величковски ги поставија конечните 2:1.

Во Тетово, Шкендија и Шкупи играа без погодоци, а мрежите мируваа и во Струмица каде Работнички освои бод во дуелот против АП Брера.

Воска Спорт триумфираше над Брегалница со 2:0, а стрелец на головите беше Алекса Марушиќ додека Силекс како гостин го совлада Гостивар со 2:1.

Кратовци поведоа со автоголот на Гоба во 40-тата минута, Ангел Тимовски во 64-тата израмни на 1:1, а конечните 2:1 за гостите ги постави Марјан Ристовски од пенал во 75. минута.

ФОТО: Игор Паневски