Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триумф на одбојкарите за осминафинале на Европското првенство

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација го продолжи триуфалниот поход на Европското првенство.

По денешната победа од 3:0 во дуелот против Црна Гора стигна до вториот триумф на шампионатот по што постигна историски успех и пласман во осминафиналето на континенталниот шампионат.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски супериорно и со блескава игра стигнаа до толку посакуваната победа која всушност е и круна на оваа генерација која ја донесе македонската одбојка на големата сцена и веќе неколку години наназад е дел од елитата во Европа.

Македонија првиот сет го реши во своја полза со 25:22 потоа во вториот славевме со 25:18, а во третиот кој воедно и беше решавачки на овој дуел триумфиравме со 25:20.

Целта на нашиот тим е исполнета, обезбеден е пласман во елиминациската фаза и тоа е најголемиот успех во историјата на македонската одбојка.

Утре нашиот тим го очекува нов предизвик и соочување со Полска која е еден од најсериозните фаворити за освојување на еден од трофеите.

ФОТО: Игор Паневски