Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиев: Победа за историја, историски пласман во осминафиналето

/

пред 1127 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација со победата од 3:0 во дуелот против Црна Гора дефинитивно обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство што е најголем успех во историјата на националниот тим.

“Оваа победа многу значи. Имаме шест бода и одиме во осминафиналето што е прв пат во нашата историја. Горд сум на овие момци. Повторно покажаа срце, дух, менталитет, македонски менталитет дека никогаш не се откажуваме, дека секогаш даваме сто отсто и под притисок и сега може да уживавме во моментот”, изјави капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев.

На крајот од натпреварот тој им се заблагодари на гледачите за огромната поддршка и ги повика и до крајот на шампионатот да биде со нашиот состав, кој и натаму ќе возврати со добра игра.

ФОТО: Игор Паневски