Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Илјадници евакуирани, откажани сите домашни летови, Тајван се поддготвува пред налетот на супертајфун

/

пред 1154 дена

Сподели преку :

Тајван ги прекина домашните летовите, железничкиот и поморскиот транспорт, а официјалните лица ги повикаа луѓето да останат дома додека островот се подготвува пред налетот на тајфунот Хаикуи кој според прогнозите треба да го погоди копното денеска попладне и да стигне и до повисоките и ненаселени места на островот.

Во сите градови во овој дел од островот наставата е откажана, а работниците добија слободен ден. Утринава источниот брег го погодија силни бранови, а голем број рибарски бродови и чамци беа преместени на безбедна локација.

Делови од Тајван веќе ги чувствуваа последиците од силниот дожд и силните ветрови, а според метеоролошкиот завод на островот тие се со брзина од над од 137 км/ч, со налети до 173 км/ч.