Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чави демантира дека не го сакал Жоао Феликс

/

пред 1129 дена

Сподели преку :

Само 24 часа по официјализирањето на позајмицата на Жоао Феликс, тренерот на Барселона, Чави демантира дека во текот на летото се противел младиот Португалец да биде дел од неговата екипа.

“Тоа е играч кој целосно и одговара на нашата игра. Отсекогаш ми се допаѓал како играч. Тој има вроден талент, може да игра како централен, но и страничен напаѓач. Со неговото доаѓање, а и со ангажирањето на Жоао Кансело добивме дополнителен квалитет”, изјави Чави.

Со оваа изјава тој сакаше да ги демантира шпекулациите во шпанските медиуми дека во ниту еден момент не се согласувал со идејата на претседателот Жоан Лапорта, Феликс да пристигне на Камп Ноу.

ФОТО: Игор Паневски