Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рамос одбил огромни пари од Саудиска Арабија само да се врати во својата Севилја

/

пред 1129 дена

Сподели преку :

Серхио Рамос по 18 години повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб Севилја. Дефанзивецот остана без клуб откако му истече договорот со ПСЖ, но не дека немаше понуди.

Наводно, Шпанецот одбил плата од 20 милиони евра за една сезона од Ал Итихад од Саудиска Арабија и договор од 11 милиони евра од Галатасарај, само да се врати на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.

Рамос и се приклучи на Севијла кога имаше само 10 години, а по одличната дебитантска сезона во првиот тим во 2004/2005 направи трансфер во Реал Мадрид. За „кралевите“ играше 16 сезони, па потоа уште две во ПСЖ.

Стоперот кој има 37 години планира да ја заврши кариерата во андалузискиот клуб.