Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Нема нов договор за жито додека Западот не го исполни договореното

/

пред 1153 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека договорот за жито што и овозможи на Украина безбедно да извезува жито преку Црното Море нема да биде обновен додека Западот не ги исполни своите обврски за олеснување на рускиот земјоделски извоз.

Тој ваквата изјава ја даде по разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој заедно со ОН посредуваше во договорот кој се смета за витален за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија.

Украина и Русија се главни снабдувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки на кои се потпираат земјите во развој.

Но, Русија одби да го продолжи договорот во јули, жалејќи се дека договорот со кој се ветува дека ќе се отстранат пречките за рускиот извоз на храна и ѓубрива не бил испочитуван.

Тој исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито на шест африкански земји.

Рускиот лидер додаде дека Русија ќе испорача 1.1 милион тони евтино жито во Турција за преработка и испорака до сиромашните земји.