Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бабунски: Да се подобриме во сите аспекти и да ги корегираме грешките

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги почна подготовките за претстојните два дуели од квалификациите за Европското првенство против Италија и Малта.

Следните соочувања доаѓаат по двата порази во претходниот циклус кога на домашен терен бевме совладани од Украина, а потоа следуваше и дебаклот во мечот против Англија.

“Доаѓаме со нова енергија. Учиме од грешките на последните натпревари. Треба да се подобриме во сите аспекти на фудбалската игра. Италија е светска велесила. Секој од фудбалерите кога доаѓа за репрезентација е подготвен да даде 100 % од можностите. Оваа енергија што ја имаме тука не може да се почувствува во клуб. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро”, изјави Доријан Бабунски.

ФОТО: Игор Паневски