Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе се откажал од одредени бонуси само да игра

/

пред 1127 дена

Сподели преку :

Весникот Л’Екип пишува дека во текот на изминативе недели Пари Сен Жермен и Клијан Мбапе постигнале договор според кој францускиот репрезентативец наместо стоте милиони евра кои требал да ги добие како бонус за верност во следната година ќе инкасира сума меѓу 60 и 80 милиони.

Францускиот првак во текот на летниот преоден рок по секоја цена сакаше да го продаде Мбапе, но тој имаше поинаков план и целта му беше да остане во клубот, а по завршувањето на сезонава да си замине од Пари Сен Жермен како слободен играч, но и да ги добие парите кои беа предвидени во договорот.

Поради фактот дека Мбапе одбиваше да си замине, но и да ја продолжи соработката, челниците на клубот решија да го отстранат од првата екипа, но по серијата разговори сепак тој беше вратен во тимот.

Според Л’Екип на средбите е договорено бонусот од 100 милиони да се намали, а Мбапе да се врати во екипата.

Во Пари Сен Жермен веруваат дека во следниов период ќе успеат да го убедат Мбапе да го продолжи договорот до 2025 година, а во спротивно тој од втори јануари следната година може да преговара со клубови кои се заинтересирани за него, а и да потпише преддоговор кој би се реализирал во текот на летото.

За францускиот репрезентативец во моментов најзаинтересирани се Реал Мадрид и Ливерпул.

ФОТО: Игор Паневски