Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку две жртви во невремето во Турција

/

пред 1152 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загинаа откако силен дожд синоќа ги поплави улиците и домови во две населби на најголемиот турски град Истанбул.

Околу десетина луѓе мораа да бидат спасени откако беа блокирани во библиотека, додека некои станици на метрото беа затворени.

Градоначалникот Екрем Имамоглу рече дека за помалку од три часа паднале околу 130 литри дожд на метар квадратен.

Меѓувреме, во северозападна Турција, двајца туристи беа погодени од порој што беснееше низ кампот.

Уште четири лица се водат како исчезнати откако поплавата го зафати кампот во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија.

Потврдено е дека загинати се уште пет лица во соседна Грција и Бугарија.