Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Е. Пелистер и Вардар за првиот трофеј во новата сезона

/

пред 1124 дена

Сподели преку :

Со дуелот меѓу вечните ривали Еурофам Пелистер и Вардар кои ќе се соочат во битката за трофејот во Супер купот се отвора новата сезона на домашната ракометна сцена.

Двата тима по трет пат во низа ќе се сретнат на отворањето од натпреварувачката година, но сега улогите се изменети. Битолчани во овој натпревар влегуваат како актуелни шампиони на Македонија и ќе се обидат по трет едно по друго да стигнат до трофејот.

Еурофарм Пелистер во текот на летото го реконструираше составот кој го очекуваат големи предизвици во Лигата на шампионите, а со скоро комплетно нов тим во новата сезона влегува и Вардар кој најавува дека повторно ќе се вклучи во трката за шампионскиот пехар.

Натпреварот се игра во Струмица, а почетокот е закажан за 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски