Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски тврди: Со измените на КЗ се овозможува поголема ефикасност на судските постапки

/

пред 1137 дена

Сподели преку :

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се дообјаснуваше и правдаше дека нема скриена амнестија зад измените на КЗ.

Тој вели дека со промените кои се изгласани во Собрание се предвидува проширена конфискација во дела кои се казниви согласно со Кривичниот законик и истите се во согласност со Европската директивата.

Тие не значат никаква амнестија, ниту помилување. Не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и од комунистички режим, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој тврди дека немало „пазар“ околу донесувањето на измените кои, како што нагласи, минале низ јавна парламентарна дискусија која можел да ја проследи секој од директен пренос.

Според него во минатото во најголем дел се правеле обвиненија по еден ваков општ член.

Со измените на Кривичниот законик, дециден е Ковачевски, се конкретизираат кривичните дела, се овозможува поголема ефикасност и ефективност на судските постапки, се зголемува бројот на казнивите дела и на фреквенцијата на казните, а не само на нивната должина, но и се предвидува проширена конфискација. Порано, објасни, сите случаи се водеа под еден општ член – злоупотреба на службена положба, а сега се конкретизира што точно лицето направило, вели Ковачевски.