Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова партија на Албанците – Народно движење

/

пред 1121 дена

Сподели преку :

Нова партија на Албанците стапува на политичката сцена. Синоќа, пратеникот Скендер Реџепи – Зејд го основаше Народното движење. Тој е избран за претседател. „Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која почна многу порано“, напиша Реџепи на социјалните мрежи.

Реџепи беше избран за пратеник на листата на Алтернатива. Лани во јуни ја напушти партијата и продолжи да дејствува како независен пратеник.

Летово ова е трета новоформирана партија на Албанците. Изет Меџити го основаше  Демократското движење, а Аријанид Хоџа – Европската демократска партија.