Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија го избрка Флик, привремен селектор ќе биде Фелер

/

пред 1122 дена

Сподели преку :

Фудбалската федерација на Германија му врачи отказ на селекторот Ханси Флик по серијата разочарувачки натпревари на репрезентацијата. Поранешниот тренер на Баерн Минхен е првиот селектор на Германија што добил отказ уште од 1926 година.

Германија синоќа загуби со 4-1 од Јапонија на пријателски натпревар што беше четврти пораз на последните пет средби. За потсетување, „панцерите“ под водство на Флик испаднаа од Светското првенство во Катар минатата година уште во групната фаза. Оман и Костарика се единствените две репрезентации кои Германија успеа да ги победи во последните 12 месеци. Вкупниот ефект на Флик на клушата на националниот тим беше само 12 победи на вкупно 25 натпревари откако го наследи Јоаким Лев во август 2021 година.

Привремен селектор на репрезентацијата ќе биде Руди Фелер, кој го водеше тимот и во минатото од 2000 до 2004 година, а во февруари беше назначен за директор на националниот тим.