Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кариерата на Санчо во Манчестер јунајтед е завршена

/

пред 1121 дена

Сподели преку :

Џејдон Санчо во јануарскиот преоден рок ќе мора да си бара нов клуб, бидејќи дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед.

Фудбалерот влезе во отворена војна со менаџерот Ерик тен Хаг, кој и лани покажа дека е безмилосен со играчите кои јавно ќе му се спротивстават, како во случајот со Кристијано Роналдо.

По дуелот со Арсенал, Тен Хаг изјави дека Санчо не бил во составот поради недоволно залагање на тренинг. Англичанецот не остана должен и веднаш се огласи на социјалните мрежи и го демантираше својот тренер.

Поради ова Санчо сега е на трансфер-листа, а можно е да се врати во Борусија Дортмунд. Крилниот напаѓач блескаше во германскиот клуб, па пред две години направи трансфер вреден 73 милиони фунти на „Олд Трафорд“, но во ниту еден момент не ја повтори формата од Борусија.