Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот во Скопје откако триумфираше во соочувањето со Сада Нахимана од Бурунди.
Ѓорчевска место меѓу четирите најдобри обезбеди во меч што траеше 52 минути, а на противничката и дозволи да освои само еден гем.
Противничка во полуфиналето ќе и биде Ива Приморац од Хрватска.
ФОТО: Игор Паневски


























