Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комбајните влегоа во кочанско – почна жетвата на оризот

/

пред 1115 дена

Сподели преку :

Во кочанско влегоа комбајните. Oжнеани се првите површини под ориз кои со вода се полнеа од реката Брегалница. На овие полиња сеидбата не задоцни, но на нивите кои се снабдуваа со вода од хидросистемот „Брегалница“ жетвата ќе почне околу 1 октомври. Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов вели дека во атарот на Зрновци водата била пуштена навреме.

Но, оризопроизводителите велат дека годината не поминала без проблеми со наводнување. Дел од нив и протестираа, па се наоѓаа решенија. Се појавија болести и инсекти кои на одреден дел од површините и ќе ги намалат приносите за над 30 отсто.

Цената на оризовата арпа во моментов се откупува од 35 до 37 денари, а на пазарите килограм ориз се продава по цена од 100 денари за килограм. Оризопроизводителите велат дека цената на оризот на светските берзи е висока и според нивната математика оризовата арпа треба да се откупува по едно евро за килограм.

Викторија Јованова