Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Воен авион се урна врз автомобил во Италија, загина петгодишно девојче

/

пред 1141 дена

Сподели преку :

Италијански воен авион се урнал за време на вежби во Торино. На снимките од социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа врз автомобил во кој имало патници.

Во несреќата загина петгодишно девојче, нејзиниот деветгодишен брат е тешко повреден, додека родителите не се во животна опасност.. Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болница.

Италијанските медиуми јавуваат дека воениот авион се урнал при полетување на аеродромот во Торино, а пилотот успеал да се катапултира.