Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со ознака „Гарантирана цена“ и 10 отсто пониска цена, утре на влада, во среда на рафт, стотици артикли во 25 категории

/

пред 1121 дена

Сподели преку :

Анализите се готови, предлозите на Државниот завод за статистика прифатени што најмногу се троши, а утре владата треба да даде зелено светло за 25 категории храна кои ќе бидат со замрзнати цени, пониски за 10 отсто од цената по која се продавале на први август. 50 производи и стотици артикли од среда треба да се најдат на рафтовите со црвена етикета и назив „Гарантирана цена“, во спротивно казни и клуч за маркетите.

Оние категории производи кои нема да бидат опфатени во делот храна трговците ќе можат сами да ги пријават во Министерството за економија.

Акции и промоции ќе се дозволат, но не и на производи на кои наскоро им истекува рокот, одново се дообјасни Бектеши по реакциите на граѓаните.

Преговорите ќе продолжат и со трговците со алкохол, други пијалоци и хигиенски производи, кои во наредниот период би потпаднале под истата мерка како и храната. При крај се и промените со кој Пазарениот инспекторат ќе добие правна можност да става клуч на марктеите кои не ги почитуваат владинтие мерки.

Павле Беловски