Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Пензионерите протестираа пред Владата – бараат повисоки пензии, но и оставки од Ковачевски и Тренчевска

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

Пензионери од цела Македонија денеска во голем број дојдоа пред Владата со барање за повисоки плати. Од еден број на транспаренти се порачува дека ако нивните барања не бидат реализирани дека ќе бараат оставка од премиерот и министерката за труд и социјална политика. За 3.500 денари линеарно покачување на сите пензии, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари, или оставка на Владата, бараат пензионерите.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.