Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна мерење на аерозагаденоста во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

Почнува проектот за мерење на аерозагаденоста во петте општини во земјава, кои во текот на зимата покажуваат енормоно загадување. Шведска и УННД  ќе финансира над два милиони и 300 000 долари за откривање и мерење на аерозагадувањето во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го имплементира  УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и штипскиот универзитет.

Една од карактеристиките на проектот е што квалитетот на амбиенталниот воздух во 5-те општини ќе се мери и надвор и во затворените простории, а ќе учествуваат и самите граѓани.

Мираковски забележа дека ќе се мери загаденоста не само со ПМ честички, туку ќе се утврдува и анализира и присуството на епидемиолошки, бактериолошки и органски компоненти, за определување на уделот на различните извори на загадување, со најсовремена опрема на лабораторијата „Амбикон“.

Викторија Јованова